Во САД се изведуваат маневри на кои се симулираат судири со руските сили, според Times

Во американската пустина Мохаве деновиве започнале заеднички воени вежби на единици од САД, Велика Британија и Австралија под називот „Project Convergence“ кои се всушност симулирање на воени операции против руски единици на територијата на Европа, пишува во петокот британскиот магазин The Times.

Според сознанијата на весникот, околу 450 британски војници, меѓу кои и припадници на елитната единица „Rangers“ формирана минатата година, заминале во американската сојузна држава Калифорнија за учество на 14-дневните маневри во воената база Форт Ирвин, каде увежбуваат борбени операции на „отворен терен“ на пустината што „потсетува на украинските степи“.

Британските војници, се додава во написот, заедно со војници од САД и Австралија учествуваат во интензивна обука во којашто се „симулираат борбени акции во услови на присуство на руски единици во Европа“.

Во рамките на маневрите се одработува примена на „извидувачки беспилотни летала“, специјално прилагодени за автономни баги возила „M-Raza“ во пустински услови, како и британските системи за лансирање наведувачки ракети од класата GMLRS, кои се користат врз цели со податоците добиени од заеднички дејствување со американските ловци бомбардери „F-35“. Сценариото за маневрите симулира и „копнени борбени активности во Европа“, како и „конфликт на острови во Пацификот“, се додава во написот на The Times.

Американскиот центар за обука зафаќа површина од околу 1.600 квадратни километри, а на неговата територија се подигнати реални макети на населени места и други инфраструктурни објекти, во кои „живеат“ специјално ангажирана „рускојазични луѓе“. Комуникацијата меѓу нив се одвива лично и преку интернет преку специјално создадените за овие маневри „Твотер“ и „Фејкбук“, со кои цивилите, при едно такво сценарио, организираа масовни немири поради злоставувања од американските војници, кои потоа треба да ја потисната масата и да ги сузбијат безредијата.

Како што рекол еден од учесниците во маневрите, војната во Украина открила „одредени промени“ во изведувањето на борбените дејствија, вклучително и раширената примена на беспилотните летала и сека западните армии „треба брзо да се прилагодат на новите реалности“. Меѓу „експерименталните практики“ кои се разработуваат на овие вежби, во написот се наведува и употребата на 3Д печатачи за производство на резервни делови за воените сили на самиот терен, како и употребата на технологии за дигитална обработка на големи количества разузнавачки информации добиени со дронови при носењето на командните одлуки.

Во текот на следната 2023 година слични маневри ќе бидат одржани во Европа, пишува The Times. Германија или Полска би можеле да бидат домаќини на вежбата под називот „Warfighter“, којашто „ја одразува промената на фокусот (на САД и Велика Британија) на воените дејствија на европската сцена“, пишува весникот.