Русија ги засилила подготовките за „сеопфатна инвазија“ врз Украина, но не е јасно дали Москва се решила за таков лекор, соопшти американските функционери цитирајќи наводно разузнавачки процени.
Според американското разузнавање, Русија концентрирала околу 110.000 војници по должината на својата граница со Укрина, меѓутоа американските разузнавачки агенции не се одредени во поглед на тоа дали рускиот претседател Владимир Путин се решил за инвазија, изјавиле неименувани функционери во САД кои изминатите денови ги известувале членовите на американскиот Конгрес и европските сојузници.
Американските разузнавачки функционери ги предупредиле пратениците дека руските сили на границата се зголемуваат со брзина којашто на Путин би му дала воена моќ потребна за инвазија со целосни размери, според нивните процени околу 150.000 војници, до средината на февруари. Во мометов подготвеност на Путин за инвазија била на околу 70 отсто, измериле американските разузнавачи.
Додале дека рускиот претседател сака на располагање да ги има сите можни опции: од ограничена воена кампања во доминатно руската и рускојазична област Донбас во Украина до инвазија од целесни размери.
Доколку Москва, сепак, се реши за напад од целосни размери, руските војници би можело да ја заземат украинската престолнина Киев и да го соборат претедателот Владимир Зеленски во рок од 48 часа, процениле американските разузнавачки.
Процениле дека во таквото сценарио би загинале 25.000 до 50.000 цивили, заедно со 5.000 до 25.000 украински војниции и 3.000 до 10.000 руски војници. Тоа, исто така, би можело да предизвика голем бран бегалци кој се проценува од милион до пет милиони луѓе, главно во соседна Полска.
Русија постојано негира дека подготвува инвазија врз Украина и порача дека раздвижувањето на нејзините сили од нејзината страна на границата е поради групирањето на украинските сили на линијата на разграничување со проруските милиции во Донбас. Москва, исто така, предупредува дека континуираното вооружување на украинската војска, во прв ред од САД и Велика Британија, го охрабрува Киев на воена разврска на конфликтот со своите источни одметнати региони.
Британскиот вессник Mirror , повикувајќи се на соптвени извори, објави дека Велика Британија во Украина распоредила повеќе од 100 припадници на своите специјални сили. Во прилогот се додава дека тие се распоредени во регионите близу Донбас и ги обучуваат украинските војници за „тактики на војување со бунтовници, снајперски оган и изведување диверзии“.
Според Mirror, во Украина веќе од преходно се активни воени советници на британските Специјалните воздушни сили (SAS) и на Специјалните морнарички сили (SBS), специјален разузнавачки полк и групација за поддршка на специјалните сили.
Во неделата властите на самопрогласената република во Луганск предупредија дека украинската сила во линијата на раздвојување распоредиле нови единици со окпломни борбени возила, како и дека се обидуваат да ја нарушат работата на набљудивачките беспилотни летала на мисијата на ОБСЕ со цел да го сокријат разместувањето на вооружувањето кое е забрането во регионот според договорот Минск 2 од 2015 година. Бунтовниците известуваат дека силите под контрола на Киев речиси секојдневно отвораат оган од забранетите оружени системи, како американските противтенковски системи „Javelin“ и офанзивното турско беспилотно летало „Bayraktar“.