Во САД успешно пресадени срца од свињи кај два мозочно мртви пациента

Хирурзи во американскиот универзитет Њу Јорк успешно пресадиле генетски модифицирани срца од свињи кај двајца пациенти кои биле мозочно мртви, пренесува „Ројтерс“.

Научниците така дојдоа чекор поблиску до долгорочната цел на користење на свинските органи со што би се решил проблемот од недостиг на човечки органи за трансплантација.

Хирурзите навеле дека срцата функционирале нормално, без знаци на отфрлање од организмот.

Универзитетот набавил свински срца од животни кои имале четири генетски модификации за спречување на отфрлање на органот и шест за спречување на некомпатибилност меѓу свињите и луѓето.

Минатата година беа трансплантирани свински бубрези кај двајца мозочно мртви пациенти. Засега се верува дека ксенотрансплантацијата е сигурна на приматели на орган кои имаат мозочна смрт.