Во САД за првпат Афроамериканец e на чело на служба на воздухопловните сили

Чарлс Браун Џуниор е именуван за шеф на ГШ на воздухопловните сили на САД, што го прави прв офицер со темна боја на кожа кој ќе има прилика да води една служба на војската на САД.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс презеде необичен чекор и преседаваше со гласањето, а резултатот од гласањето со 98 гласови „за” и ниту еден против, го нарече историски.

Гласањето се одвиваше во период кога администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп и голем број бели републиканци се борат со последиците од смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, по полициското апсење во Минеаполис.

Низ САД се проширија големи протести, на кои се предупредува за расна дискриминација.

Гласањето во Сенатот се одвиваше додека траеше погребот на Флојд.

Браун до неодамна служеше како командант на пацифичкиот оддел на воздухопловни сили на САД.