Во САД за време на пандемија изедначени аптеките и продавниците за оружје

21

Округот Лос Анџелес повторно ги отвора продавниците за оружје за граѓаните откако минатата недела беа затворени поради мерките за запирање на ширењето на новиот коронавирус.

Затворањето на продавниците за оружје во округот Лос Анџелес покрена тужба од групите за заштита на правото на оружје.

Одлуката е променета по националниот спор дали пристапот до оружје е клучно за време на пандемија.

Продавниците за оружје ќе бидат отворени по сојузниот меморандум со кои се ставени под „основни“ работи. Иако меморандунот не е обврзувачки, тој има национален опсег и затоа ќе бидат отворени продавниците за оружје.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој во март издаде наредба за „останување дома“, изјави дека секој округ може да утврди дали продавниците за оружје, артикли и аптеките можат да останат отворени.

Во петокот американските лоби групи за оружје поднесоа сојузна тужба против калифорниските власти поради затворање на продавниците, истакнувајќи оти со тоа се крши правото за носење оружје од Вториот амандман на Уставот на САД.

Додека, групите за контрола на оружјето тврдат дека продавниците за оружје за време на пандемијата со Ковид-19 треба да останат затворени.

Пандемијата предизвика пораст на продажбата на огнено оружје ширум САД. Голем број луѓе првпат се одлучија да купат огнено оружје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.