Во САД забележале вознемирувачки детал во разговорите меѓу Зеленски и Кси

(Photo by LUDOVIC MARIN / AFP)

Искажаното од страна на кинескиот претседател Кси Џинпинг во текот на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володомир Зеленски, испратило важен сигнал за САД, пишува весникот The Washington Post.

Кина излезе со предлог за постигнување мир во Украина од 12 точки и изјави дека нема да ја „искористува ситуацијата за себични цели“, што претставува прикриен удар за САД, се наведува во написот.

Истовремено, весникот забележува дека Зеленски и другите високи украински функционери одбија целосно да ја отфрлат улогата на Пекинг како посредник во евентуалните преговори меѓу Киев и Москва, бидејќи на Украина ѝ се потребни трговски партнери поради нејзината опустошена економија и клучна инфраструктура особено по почетокот на руската инвазија кон крајот на февруари минатата година.

„Кина, втората според обемот светска економија, е можеби преголема за да биде отфрлена во овој момент. Доколку САД и нивните сојузници не успеат да понудат алтернатива, Украина нема да има друг избор освен да ризикува“ во договорите со Кина, пишува The Washington Post.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг во вторникот телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кинескиот лидер му пренел на Зеленски дека Кина ќе испрати претставници во Украина и дека со сите страни ќе разговара за решевање на кризата во таа земја.

Ова е прв контакт на двајцата лидери од почетокот на војната во Украина, а како што пренесе Reuters, Кси го уверил Зеленски дека Кина ќе се фокусира на промовирање на мировни преговори и ќе вложи напори за да дојде до прекин на огнот што е множно побргу.

Зеленски објави на Twitter дека имал долг и содржаен разговор со кинескиот претседател, и изрази уверување дека тоа, заедно со именувањето на украински амбасадор во Кина ќе даде силен поттик на билатералните односи. Украинскиот претседател во повеќе наврати бараше лична средба со Кси Џинпинг, а особено по неговата официјална тридневна посета на Москва, но засега немаше средба меѓу двајцата лидери.

Кина точно на годишнината од почетокот на руската инвазија во Украина повика на прекин на непријателствата во рамките на нејзиниот план од 12 точки во кој се повторуваат добро познатите ставови на Пекинг за залувување на територијалниот суверенитет и интегрите на земјите, но изостана повотрно изрична осуда на воената операција на Москва во соседната земја, поради што Западот изрази скепса во однос на прелогот. Киев тогаш изрази извесно разочарување, но настојуваше на директни контакти меѓу Зеленски и Кси.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков во четвртокот на рефовниот брифинг со новинарите изјави дека Москва поддржува сѐ што може да доведе до крај на конфликтот со Украина, алудирајќи на телефонскиот разговор меѓу Кси и Зеленски.

Сепак, од Кремљ порачаа дека сè уште треба да бидат постигнати целите на, како што ја нарекува, „специјална воена операција“ во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е запознаена со деталите од разговорите меѓу двајцата претседатели и додаде дека нивните позиции за конфликтот се добро познати.

„Подготвени сме да прифатиме сѐ што би можело да го доближи крајот на конфликтот во Украина, како и постигнувањето на целите што Русија си ги поставила. Што се однесува до тоа што тие комуницираа – тоа е суверена работа за двете земји и прашање на нивниот билатерален дијалог“, коментираше Песков на телефонскиот разговор.

На прашањето дали Русија и Кина разговарале за враќање на Украина на границите од 1991 година за време на неодамнешната посета на кинескиот лидер на Москва, Песков рече дека „нема дискусија за тоа“.

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека разговорот со неговиот кинески колега по должност бил многу продуктивен и дека тоа е многу позитивен почеток на идните односи.