Во Сахара отворена најубавата гробница стара 4.300 години

Египет за првпат ја отвори за туристи 4.300 години стара гробница во Сахара, недалеку од Гиза. И покрај тоа што била откриен уште во 1940 година, таа е отворена дури сега поради темелната реконструкција и се смета за една од најубавите во Сахара.

Гробницата е од периодот на Шестата династија и е стара околу 4.300 години, вели д-р Калед Ал-Анани, египетски министер за антиквитети.

Се верува дека таму бил погребан кралски кралскиот слуга наречен „Меху”. Гробницата, засечена во пирамида, има тесен коридор и шест простории. Ѕидовите се насликани во живописни сцени, вклучувајќи и венчавка на двајца крокодили.

Има цртежи кои за прв пат покажуваат некои од деталите од животот на античките Египќани како што се лов во џунглата, риболов, жетва, готвење и акробатски танц. Мехо живеел за време на владеењето на кралот Пепи (2332-2287 п.н.е) и имал 48 титули, дознавме врз основа на натписите на ѕидовите, додава Ал-Анани.

Меху, меѓу другото, бил везир, шеф на судиите и директор на палатата.