Во самоизолација од денеска е и д-р Ирина Сотирова Бухова, директорка на Државниот санитарени здравствен инспекторат, бидејќи контактирала со член од семејството којшто е позитивен на ковид-19.
– Добро се чувствувам, засега немам симптоми – изјави вечерва за Плусинфо д-р Бухова.
Таа денеска на веб страната на ДСЗИ објави:
„По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство.
Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми.
Првиот тест покажа дека сум негативна, но по епидемолошката препорака, ќе останам дома.
Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца.
Искрено се заблагодарувам на сите за поддршката и грижата.
Д-р Ирина Сотирова Бухова“ – се вели во објавата.