Во Сарај пронајдено запалено возилото на напаѓачот на Штекли

Возилото со кое се превезувал напаѓачот на Раде Трајковски Штекли и неговата „десна рака“ е пронајдено запалено во Сарај, објави „Слободен печат“ повикувајќи се на свои извори.

Пред шест дена во Трговскиот центар „Ист Гејт“, непознато лице пукаше кон Раде Трајковски-Штекли и уште едно лице при што беа тешко повредени. На местото на несреќата пронајдени се седум чаури од куршуми, кои повеќе од половина завршиле во целта.

Според емисијата „Код“, пукачот од заседа оставил јасни траги, меѓу кои отпечатоци и ДНК, кои се пронајдени и се анализираат.
Напаѓачот излегол пешки од трговскиот центар, а автомобил за бегство, црно „ауди“ без таблички го чекал на булеварот кај зградата на општина Гази Баба, преку булеварот „Александар Македонски“.

Лицето кое пукаше кон повредените моменти пред обидот за ликвидација на Штекли седел во обложувачница во трговскиот центар и воопшто не се криел.