Во Сараево евакуирани три средни училишта по дојави за бомби

Во Сараево се евакуирани три средни училишта по дојава за поставени бомби, соопшти Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.

На мејловите на три сараевски средни училишта пристигнале пријави за подметнати бомби, поради што била потребна евакуација, потврди полицијата.

Дојави беа упатени до Машинско-техничка, Градежно-геодетска и средното училиште за Биснис-комерцијала и трговија.