Во Сараево повторно протести

Два месеци од почетокот на протестите во градовите во Федарацијата Босна и Херцеговина, демонстрантите не се смируваат и упорни се во барањата за смена на локалната и на федералната власт. За денеска е закажано собирање на сите граѓански пленуми на ФБиХ во Сараево.

Демонстрантите и учесниците на сите пленуми, јавно ќе ги изнесат заедничките барања, а на прво место е барањето за смена на Владата на ФБиХ.

Исто така, едно од главните барања е запирање на прогонот на сите учесници во насилните демонстрации кои се случија на почетокот на февруари, кога беа запалени згради на државни институции во повеќе градови, вклучувајќи го и Сараево.