
На 13.10.2017-та во 17:10 часот, од Градската општа болница “8-ми Септември“ до полицијата примено е известување дека кај нив починал Б.С.(19) од с.Ропалце – Куманово.
Tој во 14:30 часот со приватно возило бил донесен со тешка повреда на главата.
Имено, околу 14:00 часот додека Б.С. бил на стадион во с.Сарај-Скопје, се фатил со рацете за стативата од голот, истата се скршила, Б.С. паднал, а врз неговата глава паднала стативата.
Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.