Во сенката на Covid-19 повторно започна „големата кинеска миграција“

Кина во саботата го одбележува првиот ден од „чун јун“, 40-дневниот период на патување во текот на одбележувањето на лунарната Нова година познато пред пандемијата од крајот на 2019 година како најголемата светска годишна миграција на луѓето, а земјата по епидемиолошкото отворање се подготвува за враќањето на голем број патници и ширењето на Covid-19.

Празниците по повод на кинеската лунарна Нова година, која официјално започнува на 21-ви јануари, ќе бидат први по 2020 година без ограничување на патувањата во земјата.

Во текот на декември Кина по притисоците од западните мултинационални компании и економии, како и масовните протести на граѓаните против масовните „затворања“ и ограничувања кои тешко му наштетија и на втората светска економија и на глобалната економија драстично ја промени политиката на Пекинг на „нулта толеранција на коронаворусот“.

Странските, во прв ред, како и домашните компании се надеваат дека отворањето на земјата во крајна линија повторно ќе ја заживее економијата проценета на 17 билиони американски долари, којашто го бележи најнискиот раст во изминатите половина век.

Меѓутоа, острите промени би можело голем дел од кинеското население првпат ќе го изложи на новиот коронавирус и ќе предизвика бран зарази којшто веќе преоптоварува некои болници, ги празни рафтовите во аптеките и ги оптоварува крематориумите.

Во следните 40 дена, кинеското министерство за сообраќај очекува дека ќе бидат остварени повеќе од две милијарди патници, што е зголемување за 99,5 отсто во однос на претходната година, и оти ќе достигне 70,3 отсто од бројот на патувањата во претпандемиската Нова 2019 година.

Реакцијата на оваа вест се контрадикторни, и додека едни ја поздравуваат слободата на враќањето на патувањата и славењето на лунарната Нова година со семејствата по долго време, другите се решаваат да ги пропуштат патувањата во стравот од ширењето на заразите и грижата за повозрасните.