Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите, според НБ

Најновите податоци на Народната банка покажуваат во септември годишен пад на просечната каматна стапка на вкупните кредити од 0,08 процентни поени, а кај депозитите годишен раст од 0,42 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесува 5,41 процент, а на депозитите 2,01 проценти.

Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи месечен пад од 0,05 процентни поени, а кај вкупните депозити мечсене раст од 0,14 процентни поени.

Каматната стапка на вкупните кредити за домаќинствата е непроменета на месечна основа, а кај вкупните депозити има месечно зголемување од 0,04 процентни поени.