Во серија на бомбашки напади во Багдад, денеска загинаа 12 лица вклучувајќи и еден војник и целото негово семејство, соопштија ирачките официјални лица.
Во најтешкиот напад, две експлозии уништија една куќа, 90 километри северно од Багдад, при што на спиење било убиено цело семејство, пренесува АП. Во експлозија на автомобил бомба во една багдадска улица загинале четворица луѓе, додека 12 се повредени.
Во западниот дел на Багдад исто така експлодирала бомба на еден отворен пазар. Во тој напад загинале двајца, а ранети се шестмина.Се уште никој не ја презел одговорноста за денешните напади, но извршени се во стилот на ирачката филијала на Ал Каеда, која е охрабрена од успесите на своите соборци во граѓанската војна во Сирија и раширеното незадоволство од ирачките Сунити од владата која ја предводат Шиитите.