Во Шенѓин пристигна италијанска морнарница со мигранти депортирани од Италија

Во Шенѓин, Албанија, пристигна италијанската морнарница со мигранти депортирани од Италија. Ова е втор трансфер на мигранти откако првата група од 12 мигранти беа вратени во Италија поради пресуда на судот во Рим дека нивните земји на потекло, Бангладеш и Египет, не се доволно безбедни за репатријација.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, предвиде два центра во Албанија да собираат до 3.000 мигранти месечно како начин Италија да се справи со напливот на лица кои бараат азил на југот од земјата.

Активистите за човекови права го осудија договорот за мигранти меѓу Албанија и Италија како опасен преседан. Премиерката Мелони, ја критикуваше пресудата на судот во Рим и рече дека сметањето на земјите како Бангладеш и Египет за небезбедни, значи дека на сите мигранти ќе им биде забрането да бидат дел од програмата во Албанија, што го прави договорот неостварлив.