Во шест училишта во Карпош не е пронајдена бактеријата салмонела

Не е пронајдена бактеријата салмонела во 6 те училиштата во Карпош, каде беа земени мостри од работните површини каде се сервира и служи храната информираа утринава од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Претходната недела Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспекторат зедоа мостри од храната, но и од површините на кујните каде учениците ја добивале ужинката, а од страна на инспекторатот со решение времено беа затворени кујните во сите шест посетени основни училишта, како и централниот магацин на фирмата која доставува храна. Здравствената состојба на сите 12 деца кои имаа труење од салмонела е стабилна и ниту едно од нив не беше хоспитализирано.