Во Шпанија во саботата како последици од зараза со новиот тип коронавирус починале 565 лица, со што вкупниот број жртви надмина 20.000.
Во саботата бројот на починати се за 20 лица помалку од ден претходно, но со денови бројот на смртните исходи е над 500 лица, па Шпанија во моментов е земја со најмногу смртни исходи од Covid-19, по Италија и САД.
Министерството за здравство во моментов прави ажирурање на податоците, па наскоро се очекува да го објави новиот сеовпатен приказ на состојбата од избувнувањето на епидемијата на корановирусот во Шпанија пред два месеца. Централната влада во Мадрид наложи воедначување на критериумите за бележење на заболените и починатите во сите 17 автономни покраини, што треба наредните денови да дадат попрецизни податоци за вистинската ситуација во земјата.
Во Шпанија се инфицирани 191.726 луѓе, од кои излечени се 74.662 пациенти. Според овој податок, земјата има најголем број заболени во Европа, а во светот единствено САД имаат повеќе заболени од Covid-19.
Мадридскиот градоначалник Хозе Луис Мартинез-Алмеида порача дека веријатно до оваа есен во Шпанија нема да биде симната забраната за масовни собири и настани.
„До тогаш ситуацијата веројатно нема да биде под целосна контрола па ќе постои опасноста од повторно извувнување на вирусот. Поради тоа сметам дека не се изгледни масовни настани, како на промер фудбалски натпревари и музички концерти“, рече Мартинез-Алмеида во интервју за радиото Onda Cero.