![jahta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/jahta.jpg?resize=696%2C366&ssl=1)
Шпанската Цивилна гарда пронашла 357 станбени објекти, седум јахти и 10 авиони на територијата на земјата, кои наводно се поврзани со руски бизнисмени кои станале предмет на европски санкции.
Станува збор за недвижен имот и друг имот во вредност од стотици милиони евра.
Шпанската Цивилна гарда не прецизира колку од случаите резултирале со замрзнување на имотот, но наведува дека процентот на замрзнати средства е многу висок.