Шпанската полиција објави во неделата дека разбила мрежа којашто управувала со три фабрики за тутун, а во нив биле ангажирани Украинци кои побегнале од татковината по почетокот на руската инвазија на крајот од февруари минатата година побегнале во Шпанија и живееле натискани во монтажни фабрички објекти.
Групата е обвинета за криумчарење „големи количества“ тутун од кои се правени фалсификувани цигари, кои потоа се продавале ширум Шпанија и во соседните земји, објави во соопштение шпанската Цивилна гарда.
Во рамките на истрагата која што се спроведува со помош на Европол во Шпанија се уапсени 27 лица и запленети биле десет тони тутунски лисје, како и околу три ипол милиони пакети цигари во износ од 37,5 милиони евра.
Сите три тутунски фабрики, сместени во винскиот регион Ла Риоха на северот на Шпанија, јужната регија Севилја и Валенсија на истокот на земјата, биле опремени со машини „со напредна технологија“, што им овозможувало да произведуваат 540.000 кутии цигари дневно.
Мрежата работно ангажирала Украинци кои во Шпанија пристигнале илегално или како баратели на азил по почетокот на војната во Украина. Живееле во фабриките, натискани во монтажни објекти и не можеле да ги напуштаат тие објекти а притоа да не бидат забележан и, поради што работеле повеќе отколку што е законски дозволено, се наведува уште во соопштението.
Водачите на таа криминална мрежа „переле големи количества пари“, и благодарејќи тоа воделе „луксузен живот“ во познатото шпанско туристичко место Марбеља.