Во Шпанија уапсен еден од најбараните џихадистички терористи

Шпанската полиција го уапсила во јужниот град Алмерија еден од најбараните припадници на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, соопшти во средата владата во Мадрид.

Египѓанецот, кој се се борел во Сирија и во Ирак, се криел во стан со уште две лица, коишто исто така се уапсени и кои полицијата ги идентификувала, се наведува во соопштението на шпанското минитерство за внатрешни работи, коешто меѓутоа не го открива идентитетот на најбараниот исламистички бегалец.

Споменатиот Египќанец се појавувал на многу грозоморни пропагандни фотографии на кои се прикажани злосторствата извршени од припадниците на Исламската држава.

„Уапсениот маж минал неколку години на подрачјата на Сирија и на Ирак и кај него се видливи својствените карактеристики на личноста како извонредно насилен злосторнички профил кои го привлекле вниманието на полицијата и разузнавачките служби во Европа“, се додава во соопштението.

Тројцата осомничени влегле во Шпанија преку Северна Африка и се притаиле во текот на мерките на карантин воведени во Шпанија поради епидемијата на коронавирусот. Станот го напуштале поединечно и носеле заштитни маски, наведува шпанската полиција.

Шпанската полиција настојува да идентификува што поголем број од повеќето десетици лица кои заминале во Сирија и Ирак за да ѝ е придружат на Исламската држава, а кои би можеле повторно да изведат напади на шпанска територија. Исламистички напад во Шпанија беше изведен во 2017-та во Барселона, кога беа убиени 16 лица, а таква заднина имаше и големиот бомбашки напад во воз на 11-ти март 2004 година во Мадрид кога загина 191 човек, кој воедно е и најтешкиот исламистички напад во Европа.