Шпанската полиција уапси четворица македонски државјани за провала и грабеж во повеќе од 50 куќи и станови во Мајорка.
Уапсените на возраст од 25, 28, 30 и 36 години се приведени во Порт д’Андрач во југозападниот дел на Мајорка, каде што изнајмиле стан, а се во притвор без можност да бидат пуштени со кауција.
Обвинети се дека користеле софистицирана техника за да ги отворат вратите на становите и куќите без да ги скршат, постапка наречена „впечаток“.