Во Штип дуваше ветер со 100 км. на час кој урна дрвја и покриви на куќи

Општинските служби јавуваат дека нема повредени, но дека во некои населби паднале скршени гранки од стари дрва врз паркирани автомобили, а имало и оштетени покриви.

Од ЈП „Исар“ велат дека имале над 10 интервенции на паднати дрвја и гранки, а исто толку интервенции на повик имала и противпожарната единица во Штип. И од двете служби велат дека и понатаму се очекува да продолжи невремето во Штип и околината и ги советуваат граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат потреба и да внимаваат каде се движат.