![zapaleni-koli-i](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/zapaleni-koli-i.jpg?resize=640%2C420&ssl=1)
СВР-Штип денеска информираше дека од 20-те опожарени возила на територија на општина Штип, кај шест случаи е утврдено дека станува збор за предизвикување на општа опасност со опожарување на возила, а кај останатите пријавени случаи се работи на утврдување на причините за опожарувањето.
– Од пријавените шест кривични дела, едно е расветлено и поднесена е кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство. За останатите случаи истрагата е во тек, се наведува во соопштението од СВР-Штип.
Утринава во 05:40 часот во Штип повторно беше опожарено возило. Возилото „мерцедес“ е сопственост на Емир Џавиров од пехчевското село Црник, кој пред неколку месеци во Штип отворил бутик и фризерски салон.