Во Шведска 11 лица обвинети во најголемиот еколошки скандал

Единаесет лица поврзани со компанијата за управување со отпад „Think Pink“ се обвинети за еколошки злосторства во најголемиот еколошки скандал во Шведска во последните 50 години.

Според шведските медиуми, 11 лица од компанијата NMT „Think Pink” се обвинети за серија кривични дела во најголемиот еколошки криминал во Шведска.

Компанија за управување со отпад е обвинета дека незаконски закопувала и фрлала десетици илјади тони отпад на 21 локација во 15 општини ширум Шведска, што довело до пожари, истекување токсични материи и милиони трошоци за даночните обврзници.

Истрагата открила штетно ниво на арсен, диоксин, олово, цинк, бакар и нафтени деривати, а пред три години делови од Стокхолм беа обвиени со чад предизвикан од пожар на напуштена депонија управувана од компанијата.

Во центарот на скандалот се успешната претприемачка Бела Нилсон, која себеси се нарекува „кралица на отпадот“ и нејзиниот поранешен сопруг Томас Нилсон.

Сите обвинети го негираат делото.