Демонстранти во Шведска ја шутираа и делумно ја уништиле светата муслиманска книга Куранот пред ирачката амбасада во Стокхолм во четвртокот, но не ја запалија како што се закануваа, изјавиле очевидци за Reuters додека Ирак побара од шведскиот амбасадор да ја напушти земјата.
Неколку стотини демонстранти упаднаа во четвртокот рано утрото во шведската амбасада во центарот на Багдада и ја запалија во знак на протесто поради дозволите во два случаи претходно годинава што ги издадоа шведските судови и полициите за спалување на Куранот и уште едно најавено во Стокхолм за во четвртокот.
Ирак во четвртокот побара од шведскиот амбасадор во Багдад да ја напушти земјат, и го повика својот вршител на должност амбасадор од Шведска, соопшти ирачката влада.
Ирачката државна новинска агенција извести дека Ирак, исто така, ја суспендирал работната дозвола на шведскиот технолошки гигант „Ericsson“ на ирачка територија.
Одлуката на официјален Багдад следеше откако ирачките им навестија на шведските дека ќе ги прекинат дипломатските односи со Стокхолм доколку повторно во оваа земја, третпат од почетокот на годинава, биде сквернавена светата муслиманска книга.