![nato](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/nato.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Властите во Шведска и во Финска потврдија декла нивна е одлуката дали ќе побараат членство во НАТО доколку тоа го сакаат и ги отфрлија новите предупредивање од Русија која токму поради тоа во моментов води офанзива во Украина.
Во петокто руското министерство за надворешни работи предупреди дека пристапувањето на Финска или Шведска во НАТО „би имало тешки воени и политички последици“, иако ниту во двете земји не се разгледува членството во Алијанската во моментов, но сѐ погласни се повиците за тоа.
На социјалните мрежи циркулираше предупредувањето на портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова, што на Западот беше протолкувано како воена закана за Шведска и Финска долку се решат да пристапат на НАТО.
„Такви нешта веќе слушавме во минатот“, изјави финискиот министер за надворешни работи Пека Хаивисто за јавната телевизиај Yle.
Русија изминатите години а особено месеци од САД и НАТО бараше безбедносни гаранции дека нема да ја прими Украина во Алијансата и дека западниот воени сојуз нема да се шири на истокот во близина на нејзините граници. Западот ги отфрли таквите руски барања.
И покрај реализацијата на заканите во однос на Украина, Хелсинки и Стокхолм во четвртокот ја отфрлија идејата за итно бараење за пристапување во НАТО. Но во саботата вечерта од парламентот на Финска објавија дека граѓанската иницијатива ги собрала неопходните 50,570 потписи за пристапување на Алијансата и е поднесена разгледување во парламентот.
Во иницијативата се тврди дека членстово во НАТО правно ќе го зајалне статус-квото и во голема мерка ќе ја подобри способноста на Финска да се брани од надворешни закани.
„Одбранбените обврски гарантирани со членот 5 од Договорот за НАТО во голема мера ќе ја зајакнат довербата во одбраната на Финска и ќе ја направата воено-техничка интервенција на странските сили многуи поскапа и многу поризична отколку сега“, велат авторите на петицијата.
И Шведска и Финска од почетокот на украинската криза сакаа да добијат гаранции дека вратата на НАТО е отворена за нива. Двете земји официјално не се во членство иако се во тесна и редовна соработка со Алијансата од срдината на 1990-те години. И иако не се членки, Шведска и Финска беа повикани на состаникот во НАТО во петокот.
„Сакам да бидам јасна. Шведска и само таа независмо одлучува во која насока ќе се движи во полгед на сопствената безбедност“, коментриаше во петокот вечерта шведската премиерка Магдалена Андерсон.
И во Шведска и во Финска десницата традиционално е наклонета на членството во НАТО, а левицата се противи. Според анкетата објавена во петокто, поддршката за членство во Шведска се зголемила во моментов најмногу во историјата и изнесувала 41 отсто.