Шведската национална здравствена организација соопшти дека работници кои работеле на фарма на визони се позитивни на коронавирусот.
Власта ги анализира примероците на вирусот кај инфицираните луѓе, но и од зарзените визони, за да провери дали постои врска помеѓу видовите на корона кај луѓето и кај визоните, додаваат од Министерството за здравство на Шведска.
Не е познато колку луѓе кои работат на фармите на визони се заразени со коронавирусот, ренесува Ројтерс.
Данска денеска соопшти дека нов, мутиран вид на корона, се појавил на фарми со визони, но дека тој вид на вирус најверојатно е истребен со акцијата на данската влада.Сите визони од фармите во Данска се уништени поради мутација на короната кај овие животни, па данските дравствени експерти утврдиле дека мутираниот вид ја намалил ссилината на антителата, по што се појавило стравување дека ако мутираната корона се пренесе на луѓето, ќе го загрози создавањето на вакцината.