Во Шведска се повеќе жени раѓаат деца по 45-годишна возраст отколку тинејџерки, покажуваат новите податоци од оваа скандинавска земја.
Според најновите податоци на статистиката на Шведска, 537 деца биле родени од мајки на возраст над 45 години во 2022 година, во споредба со 410 живородени деца од мајки на возраст од 19 години или помлади.
Бројот на раните бремености почна да се намалува уште во 1960-тите години, по појавата на контрацепцијата со што се зголеми и контролата на раѓањето и планирањето на семејство.
Иако трендот на зголемување на просечната возраст на мајките не е ексклузивен за нордиската нација, социо-економската стабилност имаше поголемо влијание врз порастот на постарите мајки, вели Гунар Андерсон, професор по демографија на Универзитетот во Стокхолм.
„Младите сакаат да имаат малку повеќе време за образование и работа, како и да работат други работи пред да станат родители. Значи, исто така, процесот на периодот на полнолетството е продолжен, не само поврзан со социо-економскиот фактор, но и целиот животен стил“, вели Андерсон.