Сингапур привремено ќе ги затвори сите џамии заради дезинфекција, откако двајца мажи се заразиле со коронавирус додека присуствувале на исламски собир во соседна Малезија, соопштија властите.
Околу 10.000 луѓе од неколку земји присуствуваа на настанот од 28 февруари до 1 март во џамија во близина на главниот град на Малезија, Куала Лумпур.
Откако откриле дека двајца мажи кои присуствувале на настанот се заразени, исламските власти во Сингапур веднаш затвориле четири џамии што ги посетиле по нивното враќање.
Останатите 66 џамии во градот-држава ќе бидат затворени од петок најмалку пет дена за да бидат дезинфицирани, соопшти исламскиот верски совет на Сингапур.
Во Сингапур досега има 187 случаи на заболени од Ковид-19.