Дваесет итри лица, меѓу кои осум цивили, загинале во четвртокот во Дера во „најжестоките“ борби во јужната сириска покраина ера откако прет три години ја освоија силите на владата на претседателот Башар ал-Асад, објави невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) чие седиште е во Лондон а првпат беше активирана во 2011 година на почетокот на бунтот и граѓанската војна во Сирија која подоцна доби регионален карактер.
Дара која е на границите со Јордан и Израел, во којашто имаше силна концетрација на бунтовнички сили поддржувани од Западот и сунитските арпаски земји на Блискиот исток, како и џихадистички групации, беше жаритето на бунтот против претседател ал-Асад, владините сили ја воспоставија контролата во летото 2018 година.
Но според договорот без преседан постигнат со договорот со посредство на странските фактори вмешани во сирискиот конфликт, бунтовниците можеа да останат таму, па некои се приклучија на владината војска а некои задржаа контрола над некои делови од покраината. Поради тоа, во Дера се чести и спорадичните напади врз владините сили.
Тензичните во четвртокот повторно кулминираа додека во таа област „се водат најжестоките борби откако таа мина во рацете на режимот“, се наведува во соопштението на SOHR, наведувајќи деак меѓу убиените има и пет деца. Се наведува дека меѓу убиените се осум војници и седум бунтовници.
Информациите засега не се потврдени од независни извори или од извори на владата во Дамаск. Сириската службена новинска агенција SANA кусо објави дека „терористичките грипи ја гранатирале Националната болница и цивилни домови во градот Дара“, при што бил тешко оштетен еден оддел во болницата.
Борбите започнале откако владините сули наводно ја гранатирале Деа ал-Балад, голем придградски кварт во главниот покраински град кој е под контрола на поранешните бунтовници. Нападнатите возвратиле, според SOHR, со противнапад и заземале повеќе позиции на владините сили, при што биле заробени четириесетина владини војници.