Во Скопје 218 сообраќајни прекршоци, 35 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 17 санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, две санкции за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.