Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 36 мерки за возење без возачка дозвола, три мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 28 мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, 22 санкции за користење мобилен телефон, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…