Во Скопје болнички се лекуваат 207 пациенти со Covid-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно 207 лица сомнителни и потврдени за Covid-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало осум приеми.

Во ковид центарот во Гратската општа болница „8-ми Септември“ имало 8 примени пациенти и 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти. Во  ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 58 пациенти.

Во ГОБ „8-ми Септември“ има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 69 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата Козле има 4 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на коронавирусот.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 180 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.