Денеска и утре, 10 и 11 мај, поради официјална посета на странска делегација на Република Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје, извести МВР.
За таа цел, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.