Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 194 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол, 29 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, девет санкции за технички неисправни возила.
Изречени се 71 санкција за недавање предност на пешаци на пешачки премин, две мерки за возач почетник, девет санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.