Во Скопје отстранети 120 непрописно паркирани возила

Вкупно 120 непрописно паркирани возила се отстранети изминатата недела од јавните површини во Скопје. Од нив, 49 се отстранети од зонските паркиралишта, а 71 возило по налог на сообраќајната полиција.

Од Град Скопје денеска информираа дека контролорите на зонските паркиралишта во овој период санкционирале вкупно 305 возила поради неплатена паркинг-услуга. Од нив, 49 возила се отстранети со пајак-службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Од Градот и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а возилата да ги паркираат на означените паркиралишта.

– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат од Град Скопје.