Во изминатите два дена скопската полиција реализирале две одделни акции во кои во скопската населба Аеродром на самото место на извршување на кржбата е фатено едно лица, а во другиот случај при претрес на дом на скопјанец е откриена дрога, информира во саботата Министерствот за внатрешни работи.
Во четвртотко На 08.12.2022 на булеварт „АСНОМ” на подрачје на општина Аеродром- од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е 39-годишниот Ц.Г. од Скопје затоа што бил затекнат при обид да изврши тешка кражба односно да го внесе украденото во возило.
Во извршен службен разговор со полициски службеници од Одделението за криминалистичка работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје Ц.Г. го признал и појаснил начинот на извршување на кривичното дело „тешка кражба”, казниво по чл.236 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во петокот, пак, инспектори од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом и други простории, за кои не е наведена локацијата, кај 57-годишниот скопјанец А.С..
При претресот пронајдени се околу половина килограм марихуана, две паковки амфетамин, две ваги шприц со масло од канабис и др. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава.