Во Скопје санкционирани 160 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 10 мерки за непрописно престигнување и обиколување, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за некористење сигурносен појас…