Во Скопје санкционирани 197 возачи, 49  возеле во алкохолизирана состојба

Вкупно 197 мерки, меѓу кои 49 за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола и 37 за возење повеќе од дозволената брзина, изрече Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашната засилена акциска контроли во областа на сообраќајот на територијата на Град Скопје.

Како што информира МВР, изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас и девет мерки за минување  на црвено светло на семафор