Во саботата спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 57 возачи.
Од нив, 28 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 12 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.