Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.12.2021) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 34 за непрописно паркирање.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.