Во Скопхе 243 казнети возачи, 21 биле без дозвола

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера во Скопје се изречени 243 казни, соопшти МВР.

Од вкупниот број казни 21 се за возење без возачка дозвола, 16 за нерегистрирани возила, 9 за користење на мобилен телефон, 60 за непрописно паркирани возила, 45 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 казни се за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.