Во Скопје 11 сообраќајки за 24 часа

Единаесет сообраќајни несреќи се случиле во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на град Скопје.

Самостојниот  инспектор во СВР-Скопје Драган Вељаноски информира дека сообраќајната полиција извршила увид на 11 сообраќајни незгоди. Од нив седум се со последица материјална штета, четири се со последица телесна повреда, во кои три лица се здобиле со телесни повреди.

Во текот на изминатите 24 часа, од страна на сообраќајната полиција откриени се неколку прекршоци. Две лица управувале патничко моторно возило без возачка дозвола, а еден возач е санкциониран поради необновување на регистрација на возилото. Еден прекршок е од возач-почетник.

Специјалното возило „пајак“ не отстранило ниту едно возило.