Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 13 сообраќајни несреќи, од кои седум се со материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле девет лица.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се пет возачи кои поминале на црвено светло на семафорите, пет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и четири пешаци сториле прекршоци по разни основи. Затекнати се и 35 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 68 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Вработените во МЗТ „Леарница“ АД Скопје со почеток во 12 часот ќе одржат протест во централното градско подрачје. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овој вонреден настан, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.