Вкупно 34 сообраќајни несреќи се случиле изминативе три дена на подрачјето на Град Скопје.
Во нив со повреди се здобиле четворица пешаци и патниците во возилата, а причинета е и материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден се случиле 14 сообраќајки во кои четири се со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле четворица возачи, еден сопатник и еден пешак.
Во саботата сообраќајната полиција извршила увид на 10 сообраќајни несреќи од кои во шест биле повредени четворица возачи на патнички возила, шест сопатници, еден пешак, еден велосипедист и еден возач на трицикл.
Во петокот на подрачјето на главниот град имало вкупно 10 сообраќајки во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко возило и еден пешак. Се случила и една незгода во 19 часот на улицата Јордан Чопела“ во која со тешки телесни повреди се здобил пешак од Скопје роден 2009 година. Тој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде е задржан на понатамошно лекување.