Во Скопје денеска освен првата Парада на Гордоста, ќе се одржи и Марш на
гордоста.
„Се известуваат сите благочестиви верни чеда во Господа, дека на Литургијата во храмот на Рождеството Богородично во Скопје, ќе чиноначалствува
неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел во
сослужение на многубројно свештенство од повеќе епархии на Македонската
православна црква – Охридска Архиепископија.
Литургијата е со почеток во 08,30 часот, и потоа сите заедно ќе учествуваме во
поворката посветена на сведочењето на традционалните семејни вредности.
Ги повикуваме сите наши духовни чеда, браќа и сестри во Христа, да присуствуваат со цел што посилно да посведочиме, сите заедно со семејствата, што за нас како
христијански народ е нормално и прифатливо“, соопштија од Прес-службата на епархијата на Митрополитот Повардарски г. Агатангел
Собирно место е просторот пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ (спроти Министерството за надворешни работи). Во координација со останатите организации и здруженија, одлучено е Маршот на гордоста да заврши во кругот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.
„Нагласуваме дека Маршот на гордоста не е насочен против никого. Ве повикувме
сите кои ќе земете учество да се воздржите од насилство и да превенирате насилство.
Ние се оградуваме од секој вид насилство, говор на омраза или недолично
однесување. Од наша страна ќе бидат преземени превентивни мерки за спречување
на евентуални провокации“, велат организаторите.