
Инженерската институција на Македонија и ЕВН Македонија се органиатори на Втората меѓународна конференција „Жени во енергетика 2018”, којашто се одржува денеска и утре, во скопскиот хотел „Мериот“, а на којашто со свои излагања настапуваат Христина Спасевска, претседателка на Инженерската институција на Македонија, Штефан Петар, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија и Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика
Програмата на конференцијата вклучува воведни предавања од странски експерти, панел сесии, интерактивни дискусии и работилници. На конференцијата ќе учествуваат експерти, претставници од универзитети, бизнис заедницата, меѓународни и регионални организации, државни институции и професионални организации од 12 земји членки на Централно Европската Иницијатива, кои што работат во енергетскиот сектор. Исто така е планирано да се иницира воспоставување платформа за родова еднаквост во науката, технологиите, инженерството и математиката во ЦЕИ регионот.
Оваа конференција има цел да ја подигне свеста за важноста на родовата рамнотежа во бизнис заедницата, идентификувајќи стратегии и програми за еднакви можности во енергетскиот сектор. Еден дел од конференцијата ќе биде посветен на образованието на студентите во енергетиката и нивните можности по дипломирањето. Тае е проектна активност на Централно европската иницијатива и е поддржана од компаниите АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО.