Како што соопшти Град Скопје, екипите на зимската служба со механизација и рачно го чистеа снегот од булеварите и градските улици, како и од тротоарите.
Град Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, соопшти Град Скопје.