Сообраќајната полиција санкционирала 13 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на црвено светло на семафор, 11 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и седум возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас, односно користеле мобилен телефон. Затекнати се и 37 непрописно паркирани возила.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 55 возила.